Билатерални односи со Државата Катар


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар се воспоставени на 25 јуни 1996 година 


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори  предмет на ратификација 

1. „Договор за економска, комерцијална и техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар“

  • склучен во Доха,  на 21 март 2005  година
  • во сила од 27 јули 2009 година

2. „Договор меѓу РМ и Државата Катар за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“

  • склучен во Доха,  на 28 јануари 2008 година 
  • во сила од 26 септември 2008 година

3. „Меморандум за соработката во областа на земјоделството меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар“

  • склучен во Доха,  на 28 јануари 2008 година

4. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за заемно поттикнување и заштита на инвестиции“

  • склучен во Скопје  на 17 октомври 2011 година

5. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за редовен воздушен сообраќај“

  • склученa во Скопје  на 17 октомври 2011 година 
  • во сила од 07 март  2012 година 

6. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за регулирање на вработување на работна сила“

  • склучен во Скопје  на 17 октомври 2011 година
  • во сила од 07 март 2012 година

7. „Спогодба за соработка во областа на културата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар“

  • склучена во Скопје, на 17 октомври 2011 година 
  • во сила од 02 јули 2012 година  

8. „Меморандум за разбирање за соработка во здравството меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар“

  • склучен во Скопје на 16 април 2013 година 
  • во сила од 3.11.2015 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Државата Катар“

  •  склучен  во Доха, на 21 март 2005 година 

2. „Меморандум за разбирање во областа на образованието помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар“

  • склучен во Скопје  на 17 октомври 2011 година
  • во сила од 14 декември 2012 година.

3. „Договор за формирање на Заеднички деловен совет (JBC) помеѓу Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северо-западна Македонија и Стопанската комора на Катар “

  • склучен во Скопје  на 17 октомври 2011 година

4. „Договор за соработка и размена на информации помеѓу Македонската Информативна Агенција (МИА) и Катарската Новинска Агенција (КНА)“

  • склучен во Скопје,  на 17 октомври 2011 година 
  • во сила со датумот на потпишување

5. „Меморандумот за разбирање за туристичка соработка меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Надлежниот орган за туризам на Државата Катар“

  • склучен во Доха,  на 28 јануари 2013 година 

6. „Меморандум за разбирање помеѓу Економската Комора на Македонија, Стопанските Комори на Македонија и Економската Комора на Северозападна Македонија и Катарската комора“

  •  склучен во Скопје,  на 16 април 2013 година 

7. „Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Државата Катар“

  • потпишано во Доха на 26 март 2018 година

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020